Чарли и фабриката за чоколади

Чарли и фабриката за чоколади (англиски: Charlie and the chocolate factory) е американски филм од 2005 година, во режија на Тим Бартон. Главните улоги ги играат: Џони Деп, Фреди Хајмор, Хелена Бонам Картер, и Кристофер Ли.

Чарли Бакет е момче кое живее во мизерни услови, заедно со своето сиромашно семејство. И покрај сиромаштијата, мајка му се грижи да го прехрани семејството, а Чарли помага онолку колку што може. Неговиот сон е да ја посети најпознатата фабрика за чоколади на светот, чиј сопственик е чудниот Вили Вонка (го игра Деп). Еден ден, лужето дознаваат дека Вили меѓу своите чоколади ставил неколку што се разликуваат од останатите, бидејќи во нив вметнал по една златна карта.[1] [2]

  1. Антена, број 862, 2.1.2015, стр. 15.
  2. „Чарли и фабриката за чоколади“, Антена, број 877, 17.4.2015, стр. 15.

Copyright